ОЈО

Обвинение за негувателка за малтретирање дете

Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата лани на 21 ноември, во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. Додека родителите биле на работа, негувателката повеќепати го удрила детето со шлаканици, го давела со раката држејќи го во пределот на лицето и устата и неколкупати го подигала и удирала од земја. Детето во неколку наврати се обидувало да и побегне, а од малтретирањето се здобило со телесни повреди.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои реална опасност од бегство на обвинетата, како и можност таа да го повтори делото што и се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе