Обвинителство - Гостивар

Oбвинение и притвор за силување

Обвинтелството од Гостивар поднесе обвинение за силување против гостиварец, кому во меѓувреме му е продолжена мерката притвор. 

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 49-годишник од Гостивар, поради сторено кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. Делото тој го сторил на 19 декември минатата година кога насилно присилил жена на обљуба.

„Обвинетиот потоа ја однел оштетената во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успеала да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција“, информира обвинителството.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе