Во село Негроци

Обид за силување, сторителот пронајден и уапсен по еден час

Врз Ј.Т. од страна на непознат сторител е извршено кривично дело "Обид за силување".

Денес меѓу 14:00 и 14:30 часот во село Негорци во семејната куќа врз Ј.Т. од страна на непознат сторител е извршено кривично дело “Обид за силување”, информираа попладнево од СВР Струмица.

„По пријавувањето на настанот веднаш се преземени итни службени мерки и активности со координирање на сите служби на теренот, при што по еден час е пронајден сторителот и е лишен од слобода“, стои во соопштението на струмичката полиција, од каде додаваат дека станува збор за лицето И.Н. од село Мелница, Велешко.

Лицето е задржано во просториите на ОВР Гевгелија и во координација со Основното јавно обвинителство ќе следува понатамошно постапување по пријавениот настан.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе