Во Старата скопска чаршија

Нови детали за смртта на 22-годишната девојка крај базен - во елитен скопски хотел на моминска вечер

Полицијата и обвинителството сѐ уште истражуваат дали младата 22-годишна кумановка загинала од струен удар.

Фото: ЕПА

Телото е предадено на обдукција, што треба да ги утврди точните причини за смртта на девојката. Во истрагата што ја води обвинителството земени се изјави од сведоците на настанот.

Тие, пренесува ТВ Телма, рекле дека биле на моминска вечер, предбрачна прослава, на која учествувале само жени, во луксузен спа-центар во хотел со 5 ѕвездички во Старата скопска чаршија.

Девојката се бањала во базен и кога излегла, со рака го зела мобилниот што бил приклучен на полнач. Девојката паднала. Веднаш поради спој се исклучила струјата во целиот објект, по што вчера веднаш по полноќ била повикана полиција и итна помош. Констатирале смрт на девојката, која на забавата дошла од Куманово.

Полицијата во соопштение објави дека трагичниот инцидент се случил во угостителски објект без потенцирање дека станува збор за елитен скопски хотел.

Истрагата проверува и како дошло до електричниот спој и од што е предизвикан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе