Во Гостивар

Нови апсења поради дрога, кај полицаец од Гостивар најден кокаин

Шестмина скопјани на возраст помеѓу 23 и 33 години, биле уапсени вчера поради поседување марихуана. Кај двајца од нив полицијата нашла и кокаин.

„Вчера во 20,15 часот кај наплатната рампа Гостивар од страна на полициски службеници од полициската станица Гостивар лишени од слобода биле К.Н.(27) и Б.Д.(23) двајцата од Скопје поради тоа што кај нив биле пронајдени марихуана и кокаин. Лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Исто така вчера во 22,00 часот часот кај наплатната рампа Гостивар од страна на полициски службеници од полициската станица Гостивар лишени се од слобода биле И.М.(29), И.А.(33), Г.М.(32) и Л.Н.(32) сите од Скопје поради тоа што при извршен преглед кај нив била пронадена марихуана“, соопштија од МВР.

Претходниот ден МВР во полициска акција уапси десетина лица за поседување наркотични средства. Меѓу нив беше и полициски службеник кој е фатен со кокаин.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе