АВСТРАЛИЈА

Новаковиќ е обвинет за убиството на Димовски во Мелбурн

Милош Новаковиќ (29) е обвинет за убиството на Дени Димовски (31) за време на тепачката во саботата во ресторан во западниот дел на Мелбурн. Димовски беше неколку пати беше прободен со нож за време на една тепачка во ресторанот „Корзо".

На сослушувањето во судот Новаковиќ се соочи со обвинението и за убиство и кражби.

Дени Димовски Според полицијата Новаковиќ со уште неколку лица упаднале во ресторанот за време на приватна забава по што настанала тепачка во која настрада Димовски.

Австралиските медиуми јавуваат дека Новаковиќ за време на краткото сослушување бил смирен и не побарал ослободување од притворот со кауција. Тој ќе остане во притвор сѐ до рочиштето закажано за 12 февруари наредната година.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе