Нов напад против ДУИ во Тетово, знаци со натпис „Јавна куќа, ДУИ на 1.000 м“

Тетовската полиција денеска соопшти дека се бараат лицата кои ноќта помеѓу средата и четвртокот поставувале знаци со навредлива содржина за политичка партија.

На фотографиите кои се споделуваат на интернет социјалните мрежи на знаците се гледа натписот на албански јаазик: „Јавна куќа ДУИ 18+ 1.000 м“.

„Ноќта помеѓу 10 и 11 јули, засега непознати сторители на 10 локации, на крстосници во Тетово, на метални столбови од сообраќајни знаци, поставиле дрвени табли со налепници со навредлива содржина, упатена на адреса на политичка партија. Извршен е увид и се расчистува случајот“, соопштија денеска од тетовската полиција.

На 15 јуни, очигледно во организирана акција, по улиците на Тетово беа испишани бројни графити против Али Ахмети и неговата партија ДУИ. На дел од нив пишуваше: „Муса+Али УДБА сте двајцата“, „Гадови, одете си од Тетово“, „ДУИ, марш од Тетово“, „Али, оди си“...

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе