МВР

Ноќва во Скопје фатени 29 шофери кои возеле под дејство на алкохол

Од полноќ до 5 часот утрово скопската полиција спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол. Притоа, кај 29 возачи било утврдено присуство на алкохол во крвта, а четири возачи одбиле проверка за присуство на алкохол.

Овие 33 возачи биле исклучени од сообраќај,  времено им се одземени возачките дозволи и поднесени се мандатни платни налози. Откриени се и 85 останати прекршоци за кои се издадени 41 мандатни платни налози и 44 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, при што се санкционирани 125 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.

Во периодот од  23 часот вчера до 5 часот утрово спроведена била акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се осум возачи кои сториле прекршоци.

Откриени се и 82 останати прекршоци за кои се издадени мандатни и прекршочни платни налози. 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе