Ноќва полицискиот радар фати 236 возачи

Во текот на ноќта помеѓу 22 и 2 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен уред (радар) за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 237 возачи.

Од санкционираните возачи, 14 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 161 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 76 надвор од населено место. При контролата се констатирани и санкционирани и 52 останати прекршоци, велат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува полицијата.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе