Од санкционираните возачи, 14 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 161 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 76 надвор од населено место. При контролата се констатирани и санкционирани и 52 останати прекршоци, велат од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува полицијата.