Ноќеска во Скопје и скопско пријавени повеќе физички напади

МВР информира дека во текот на изминатата ноќ и рано утринава во Скопје и во скопско се случиле повеќе физички напади. 

Во Полициската станица Центар после полноќ било пријавено дека пред угостителски објект на ул. „Метрополит Теодосиј Гологанов“ Ѓ.Д. (33) од Скопје физички го нападнал Н.Д. (30) од Скопје.

Утринава во истата полициска станица Г.Ѓ. (36) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02.45 часот во ноќен клуб на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ бил физички нападнат од неколку лица.

Вчера попладне, пак, во Полициската станица Гази Баба, С.Е. (26) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.00 часот на ул.„Зендел Џемаил“ тој и неговиот роднина Ф.С.(18) од Скопје биле физички нападнати од непознати лица.

Во Полициската станица Ѓорќе Петров синоќа пред полноќ  Ј.А.(19) и М.З. (22), двајцата од Скопје, пријавиле дека истиот ден околу 23.00 часот на ул.„4-ти јули“ биле физички нападнати од Д.К., Е.Л. и Е.С., сите од Скопје.

Вчера физички бил нападнат и 16-годишниот Х.Р. од Визбегово од три лица на ул.„192“ во село Визбегово, скопско, а претходниот ден во 23 часот во СВР Скопје, Г.Д.(49) од Скопје пријавил дека на патот Стенковец-Скопје, бил физички нападнат од три лица од Скопје, кои ги познавал.

МВЕ презема мерки за расчистување на сите случаи. 

 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе