Ноќен радар на МВР: За четири часа казнети 248 „брзи возачи“

Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, вчера во периодот од 18:00 до 22:00 часот спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата, при што санкционирани се 248 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

„Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 136 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место“, се вели во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека продолжуваат засилените акциски контроли и во наредните денови. и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе