Низ Полошко полицијата приведе 14 странски државјанки

Во две контроли кои ги спровела полицијата низ угостителски објекти низ Полошко, откриени се повеќе женски лица кои работеле како танчерки и пеачки.

Според МВР, утрово во гостиварското село Чегране, во угстителски објект сопственост на А.Н. (49) од Чегране, при акциска контрола, биле приведени 11 женски лица од кои седум од Албанија, една од Косово и три од Македонија. Тие биле приведени во полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Во втората акција во тетовско Желино во угостителски објект сопственост на Ј.Ф. (42) полициските службеници привеле три албански државјанки.

При фотодокументирање на настанот од крим – техничар од СВР-Тетово, Ш.И. (48) од Желино кој бил гостин во објектот го нарушил јавниот ред и мир, поради што и тој бил приведен.

Во поведената постапка против сите приведени ќе се утврдува нивна инволвираност во можна трговија со луѓе и нелегален престој во земјава. По завршувањето на постапките, странските државјанки ќе бидат предадени на отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе