Несреќа на патот Кавадарци - Прилеп, сообраќајот се пренасочува

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа меѓу камион со албански таблички и возило „ауди“ кај селото Раец, на патот Кавадарци - Прилеп, поради што сообраќајот се пренасочува по алтернативен пат.

Фото илустрација

Портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев вели дека сообраќајот се одвива непречено за автомобили преку алтернативен пат.

„Во 14:35 часот случена е сообраќајна незгода на магистралниот пат Кавадарци – Прилеп во близина на село Раец, помеѓу влекач со албански национални ознаки и патнички автомобил марка ,ауди А4'. Притоа, едно лице се здобило со повреди и е е пренесено во кавадаречката болница“, изјави портпаролот за МИА.

Легенда под Главна слика

Фото илустрација

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе