Нема повредени во пожарот во детската болница во Козле

Нема повредени во пожарот кој утрово избувна во Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле.

Пожарот е изгаснат и причинета е материјална штета. Нема повредени лица бидејќи пациентите навреме биле евакуирани.

Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје велат дека имало зачадување на дел од кровната конструкција 

„Опожарен беше аспираторот за вентилација во делот на кровната конструкција. Интервениравме со две возила и пет пожарникари.Нема причинето поголема штета, а нема ниту повредени, изјави командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.

 Од Детската болница во Козле преку соопштение ги демантираа информациите дека имало пожар во објектот.

Според директорот на болницата Ангелчо Андоновски, станува збор само за краткотрајно топење на каблите во еден од тоалетите, поради што превентивно била повикана противпожарна служба, согласно протокол за реагирање во вакви ситуации.

„Не се настанати никакви оштетувања, освен незначителна материјална штета. Директорот апелира да не се шири непотребна паника и напоменува дека децата кои се сместени во тој дел од зградата се безбедни и нема повредени лица“, се наведува во соопштението

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе