Нелегално организирал игри на среќа во интернет-кафе

Вчеравечер во периодот од 21 до 23 часот, по претходно добиени сознанија дека на нелегален начин се организираат игри на среќа, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, извршиле увид во интернет-кафе во тетовското село Милетино, сопственост на Д.Ј.(51) од истото село.

Притоа, во локалот биле пронајдени и со потврда биле одземени три покер апарати на кои нелегално се приредувале игри на среќа. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе