Вчера попладне во Полициската станица за Граничен премин „Табановце“, царински службеник на граничниот премин пријавил дека при контрола во вагон од товарен воз кој сообраќал на релација Грција - Унгарија, пронашол четири мигранти од Авганистан и еден од Иран.
Со лицата бил извршен разговор, по што биле пренесени и предадени во транзитен камп Табановце за понатамошна постапка.