Неколку тепачки во Скопје

Вчера околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк на подрачје на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(35) од Скопје и Љ.Т.(42) од с.Шишево, Скопско. 

„Исто така вчера во 14.15 часот во СВР Скопје, Д.К.(25) од Скопје пријавил дека околу 12.10 часот на паркинг простор на подрачје на Гази Баба, поради меѓусебно недоразбирање, бил физички нападнат од П.Д.(66). 

На 15.04.2021 во 11.45 часот во СВР Скопје, З.К.(35) од Скопје пријавил дека околу 11.20 часот на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе