Неколку повредени во сообраќајка во Прилеп

Вчера во 22.10 часот на улица „Александар Македонски" во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат пунто" со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(54) од Прилеп и минибус „Мерцедес спринтер" со прилепски регистарски ознаки, управуван од И.В.(30) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Д, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Д.Ј.(44) од Прилеп и уште девет патници во минибусот.

На сите повредени им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе