Неколку лица повредени во вчерашната сообраќајка во скопски Карпош

МВР излезе со детали за вчерашната несреќа која се случи во скопската населба Карпош.

„Вчера во 13.30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со улиците „Никола Парапунов“ и „Демир Трајко“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(27) од с.Виштица и патничко моторно возило „ланд ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(48) од Скопје. По незгодата за укажување на лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“ биле пренесени С.М., кај кого биле констатирани тешки телесни повреди, како и  С.К. и двајца сопатници од возилото „голф“, С.С.(24) и А.С., кај кои биле констатирани телесни повреди“, соопштува полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје. 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе