Настрада маж што ловел риби со агрегат за електрична енергија

Вчеравечер во 21.20 часот во Медицински центар Струмица е донесен починат Ѓ.Ј.(39) од радовишкото село Подареш.

Истиот претходно на реката Стара Река, помеѓу селата Злеово и Владевци, ловел риби со помош на агрегат за електрична енергија, при што се здобил со струен удар, соопштија од МВР.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

 

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе