ОЈО Скопје со предлог до Судот

„Напуштете го молот, има бомба“, се бараат мерки на претпазливост за лажниот пријавувач

Мерки на претпазливост бара Основното јавно обвинителство Скопје за едно лица кое завчера лажно пријави дека во трговскиот центар Сити мол има поставено бомба. Мерките кои ОЈО ги бара за 19 годишникот се забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, односно Скопје, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Вработениот во обезбедувањето во Сити мол е осомничен за кривичното дело лажно пријавување, а постапката е поведена поради основано сомнение дека на 29 јануари во трговскиот центар „Сити мол" каде бил вработен пријавил дека е извршено кривично дело – Предизвикување општа опасност за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека такво дело не е сторено.
Осомничениот 19-годишник бил вработен во трговскиот центар преку агенција задолжена за обезбедување на објектот.

Од својот мобилен телефон тој пристапил на интернет страната www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба".

Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време била ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа.

 

 

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе