Возачот приведен и задржан во Полициска станица

Направил сообраќајка, па го фатиле дека превезува 32- ца мигранти

Триесет и двајца мигранти, од кои 15 од Авганистан, девет од Пакистан, шест од Бангладеш и по еден од Сирија и Ирак биле најдени во комбе кое вчера предизвика сообраќајка во Струмица.

Вчера во 11.50 часот од ул.„Младинска" во Струмица се случила сообраќајна незгода во која товарно возило „рено мастер", со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(27) од Кочани, удрило во патничко возило „алфа ромео", со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(26) од Струмица и во паркирани патнички возила „цитроен ц4", со струмички регистарски ознаки, и „фолксваген поло", со бугарски национални ознаки.

Од полициски службеници од СВР Струмица во возилото „рено мастер" биле пронајдени 32 мигранти, од кои 15 од Авганистан, девет од Пакистан, шест од Бангладеш и по еден од Сирија и Ирак.

По незгодата, во Медицински центар Струмица биле пренесени осум мигранти, при што кај двајца биле констатирани тешки телесни повреди, а кај шестмина телесни повреди.

Возачот С.С. бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар Винојуг.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе