Направил сообраќајка бегајќи од полиција со возило полно мигранти

Одделот за гранични работи и миграции, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминали и корупција, поднесе кривична пријава против С.М.(18) од с.Иловица и А.А.(28) од с.Василево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти".

Според МВР, завчера во 10.30 часот, полициски службеници на Одделот за гранични работи и миграции на автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце" дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген пасат" со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, по што на влез во Куманово возачот С.М. предизвикал сообраќајна незгода, удирајќи во патничко возило „шкода октавија" со кумановски регистарски ознаки.

Веднаш потоа, пријавените го напуштиле местото, но биле пронајдени во двор на училиште во Куманово. 

При извршен преглед во патничкото возило биле пронајдени осум лица мигранти од Пакистан.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе