Според МВР, завчера во 10.30 часот, полициски службеници на Одделот за гранични работи и миграции на автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце" дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген пасат" со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, по што на влез во Куманово возачот С.М. предизвикал сообраќајна незгода, удирајќи во патничко возило „шкода октавија" со кумановски регистарски ознаки.
Веднаш потоа, пријавените го напуштиле местото, но биле пронајдени во двор на училиште во Куманово.
При извршен преглед во патничкото возило биле пронајдени осум лица мигранти од Пакистан.