Нападнати скопјани во авто-кампот „Градиште“

Ноќеска после полноќ во СВР Охрид било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство извршено на синоќа во авто-кампот „Градиште“.

Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно бил пријавен во полиција од Д.Б.(38) за загрозување на сигурноста и од Ф.Г.(40) за оштетување на возилото, физички го нападнал Ф.Г., а потоа со остар предмет ја повредил М.Т., по што со дрвена палка ги нападнал Г.Т. и Ѓ.К., сите од Скопје. Тие се здобиле со телесни повреди, а напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе