Нападнати полицајци во Скопје

„Денес во 00.30 часот на ул.„Народни херои" во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ц.(43) од Скопје, бидејќи при интервенција по претходна поплака, тој физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

„Вчера во 21.45 часот на ул.„Методија Андонов Ченто" во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(48) од Скопје, бидејќи при сообраќајна контрола на патничко возило „киа", со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(42) од Скопје, во кое сопатник бил Д.М., истиот физички нападнал полициски службеник. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе