Вчера на Матка и во Сарај

Нападнати ЛГБТИ-активисти: Сè беше како на филм, ова нема да го заборавиме цел живот

По завршувањето на вчерашната Парада на гордоста во Скопје, која помина без инциденти, инцидент се случи со шест ЛГБТИ-активисти на Матка, а потоа и во Сарај. Беким Асани, еден од нападнатите, вели дека во инцидентот учествувале 15 до 20 лица, кои им се заканувале дека ќе ги убијат, а еден од нив му удрил бокс. Тој појаснува дека никој од шесте активисти не носел обележје од Парадата на гордоста.

„Откако почнаа да ни префрлаат, ние заминавме со такси. Но, пет лица нè следеа и ми се нафрлаа мене. Еден од нив ме плукна. Постојано викаа ‘ќе те убиеме, мртов си’, а на другарките им викаа ‘вас ќе ве силуваме’. Една кола нè следеше напред, една странично. Таа од напред два пати ни го пресече патот, па таксистот ја зголеми брзината. Но во Сарај имаше гужва, па откако трет пат ни го пресекоа патот, едниот излезе од колата, дојде и ја отвори врата од таксито, по што ми ја искина маицата, која не беше од ‘Скопје прајд’. Потоа ми удри бокс. По кратко време, се собраа и други лица и ни ја опколија колата, викајќи ‘педери мрш од тука, ќе умрете’“, пишува Асани на социјалните мрежи.

Според него, имале среќа бидејќи во кафулето близу местото каде што се случил инцидентот имало тројца полицајци, кои изреагирале, но и тие биле нападнати.

„Фалеа секунди да завршиме многу полошо. Никој од нас немаше ЛГБТИ-обележја. Тие ме препознаа мене. Сите сме шокирани, сè беше како на филм, ова нема да го заборавиме цел живот“, додава Аасани.

Министерството за внатрешни работи го документираше случајот, а утрово е приведено едно лице.

„Околу 16 часот на Кањон Матка, Б.И. (32), З.Л. (31) и К.Џ.(31) сите од Тирана-Албанија, И.А. (21) и Х.Л. (32), обете од Босна и Херцеговина, и А.Б. (36) од Тетово биле пресретнати од група од околу 6-7 лица и навредувани зашто биле припадници на ЛГБТИ-заедницата. За да избегнат проблем, се качиле во такси возило и се упатиле кон Сарај. По нив тргнало ‘ауди’ со кое кога пристигнале во близина на плоштад ‘Иса Булетини’ во Сарај им бил попречен патот и такси возилото принудно запрело. Тогаш од ‘aудито’ излегол возачот и започнал да го навредува и да упатува пцовки и закани насочени конкретно кон А.Б. и во еден момент физички го нападнал“, информираа од МВР.

Фото: ФБ

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе