Нападнати полицајци, физички пресметки, истепани малолетници…

Полицијата на повеќе места низ државата вчера регистрирала тепачки, неколку физички напади, вклучувајќи и на малолетници и според соопштението од МВР, се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. 

Ноќеска околу 2 часот по полноќ на ул.„Благој Ѓорев” во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ѓ.(18) од Велес, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.М.(22), В.М.(31) и Б.И.(41), сите од Куманово, затоа што учествувале во меѓусебна физичка пресметка, а Б.И. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. На лицата А.М. и В.М. им бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а по целосно документирање на случајот против Б.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Исто така вчера, во СВР Скопје, Н.Д.(41) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 20.09.2021 околу 11.00 часот во двор на фирма на ул.„Скупи” бил физички нападнат од неколку лица.

Во Полициското одделение Галате, пак, Џ.Џ.(44) од с.Добридол, гостиварско, вчера пријавил дека околу 12.30 часот, во двор на основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ј.М. од с.Добридол.

Истиот ден во ОВР Прилеп, Х.Б.(30) од Прилеп пријавил дека на 20.09.2021 околу 01.30 часот бил физички нападнат од две лица кои ги познавал.

Синоќа полицијата во Тетово добила пријава дека околу 19.00 часот во двор на средно училиште во Тетово, малолетник од село Боговиње, тетовско, бил физички нападнат од друг малолетник.

Во Полициската станица Кочани, И.А.(73) од Кочани вќера пријавил дека во помошна просторија во нас.„Трајаново трло” две лица физички го нападнале и му одзеле пари.

 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе