Кривичниот суд го одби барањето на семејството на новинарот

Наместо да се брани од слобода Кежаровски останува во притвор уште 30 дена

Kривичниот суд го одби барањето на семејството на новинарот Томислав Кежаровски тој да се брани од слобода, за што како гаранција приложи недвижен имот, и му го продолжи притворот за нови 30 дена.

Според Cудот, Кежаровски би можел да побегне и да ја напушти државата.

Кежаровски кој беше уапсен во полициската акција „Ликвидација“, трет ден штрајкува со глад. Тој е притворен поради наводно објавување на име на заштитен сведок во 2008 година.

Домашните и регионалните новинарски здруженија побараа ослободување на Кежаровски, а ОБСЕ изрази загриженост дека случајот може да ја влоши слободата на медиумите во Македонија.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе