Покрај казните за брзо возење, сообраќајната полиција изрече и 7 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), како и казни за друг вид на прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваатсообраќајните правила и прописи.