Најденото новороденче е машко и сместено е на Клиниката за детски болести

На Клиниката за детски болести вчера со возило на итна медицинска помош е донесено новороденче, најдено во скопската населба Топанско поле.

„Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2.400 гр, згрижено е на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, превземени се сите неопходни мерки за вакви случаеви“, соопштија од Клиниката за детски болести.

Новороденчето го пронашол случаен минувач. Бебето било оставено во парк, без облека.

Полицијата работи на откривање на идентитетот на мајката и околностите во кои новороденчето било оставено во тревата веднаш по раѓањето.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе