Најдена дрога во куќа во Скопје, сопственикот приведен

Инспектори од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по добиена наредба од Основен кривичен суд, синоќа во 19.20 часот извршиле претрес во домот на А.П.(24) од Скопје. При претресот пронајдено е ЛСД, дигитална вага со остатоци од марихуана и семки од канабис, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" казниво по член 215 од Кривичниот законик“, посочуваат од МВР.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе