Контрола на МВР

Над 180 казни за возачи во Скопје за брзо возење, алкохол и други прекршоци

Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје вчера во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 34 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 42 останати прекршоци, за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 26 прекршочни платни налози.

Исто така, од 22.00 часот  до 05.00 часот беше спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Притоа, санкционирани се 19 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 13 останати прекршоци, за кои се издадени пет мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.

Вчера во периодот од 14.00 до 24.00 часот санкционирани се и пет возачи на мотори за сторени прекршоци, а откриени се и 68 останати прекршоци за кои се издадени 46 мандатни и 22 прекршочни платни налози.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе