Контроли на МВР

Над 140 казни за возачи во Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР вчера во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Санкционирани се 17 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 43 останати прекршоци за кои се издадени 20 мандатни платни налози и 23 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје во периодот од 23.00 часот до 05.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 10 возачи, кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 34 останати прекршоци, за кои се издадени 19 мандатни платни налози и 15 прекршочни платни налози.

Вчера во времето од 14.00 до 24.00 часот санкционирани се 10 возачи на мотори, а откриени се и 28 останати прекршоци, за кои се издадени 21 мандатен платен налог и седум прекршочни платни налози.

 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе