Кај Струга

Над 100 килограми марихуана пронајдени во чамец на брегот на Охридското Езеро

Во чамец на брегот на Охридското езеро во близина на месноста викана „Рампа“ кај Струга полицијата пронашла седум торбици со поголема количина на спакувана марихуана со вкупна тежина од над 100 килограми, соопшти МВР.

Увидна екипа извршила увид на лице место, а по собирање на доказниот материјал во координација и по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсорси“ по член 215 од Кривичниот Законик Република Северна  Македонија.

Во акцијата учествувале полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал странци и реадмисија –Регионален центар за гранични работи Запад при Бирото за Јавна безбедност во координација со Основното јавно обвинителство Струга.

 

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе