Откако биле објавени видеата во акцијата се вклучиле повеќе сектори во МВР, како тој за борба против тероризам и секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, но и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Трите лица, од кои двајца се татко и син, биле лоцирани, а од јавен обвинител е добиена насока да се направи претрес во нивните домови.
Едно од лицата е 26-годишно момче од селото Студеничани додека таткото и 22-годишниот син се од Скопје. Во домот на таткото и синот биле пронајдени уредите преку кои тие ги објавиле лажните видеа, а синот во разговор со полицијата признал дека тој ги изработил и објавил.
Од МВР најавуваат дека ќе поднесат и кривични пријави против тројцата приведени.