На Табановце уапсен маж баран за убиство во обид

Вчера во 10,20 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во Македонија од страна на полициски службеник бил лишен од слобода М.Г.(37) од струшкото село Радолишта.

При проверка во оперативна евиденција, велат од МВР, истиот се барал по телеграма од МВР-Одделението за потраги и телеграма од СВР Охрид, со мерка лиши од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид по чл.123 в.в. чл.19 од КЗ на РМ.

Лицето со потврда за предавање на лице било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка, информираа од МВР.

На 20 јануари 2019 владата на САД веќе цел месец е делумно блокирана поради инсистирањето на Трамп да добие 5,7 милијарди долари од Конгресот за финансирање на неговиот расистички и средновековен пограничен ѕид.

повеќе

Луѓето се љубопитни суштества, колку и да го одрекуваат тоа.

повеќе

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе