Вчера околу 22.30 часот на автопатот Табановце – Куманово, на граничниот премин Табановце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел инсигниа“, со италијански национални ознаки, управувано од А.Р. (47) од село Желино, патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.А. (18) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“, со словенечки национални ознаки, управувано од Г.И. (52) од село Истибања, виничко. Возилото „опел инсигниа“ удрило во кабина за пасошка контрола, во која се наоѓал полицискиот службеник.
Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Куманово.