На Граничен премин Табановце вчера во 14:00 часот од полициски службеници е лишен од слобода А.З.(38) од Тетово затоа што при извршена пасошка контрола е утврдено дека се бара со потерница за издржување казна затвор.
Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа, соопштија денеска од МВР.
Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас.