На Стража се запали возило од Литванија

На магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на превојот „Стража", над клучката за селото Сретково во движење се запали патничко моторно возило "рено скеник" со литваниска национална ознака, управувано од С.К.Х.(33) Украина.

Пожарот настанал поради дефект на тркало. Во возилото како сопатници биле неговата сопруга, две малолетни деца и роднина. Патниците во возилото не се повредени, но со екипа на Итна медицинска помош се пренесени во Медицински центар Гостивар. Пожарот е изгаснат од екипа на противпожарната единица Гостивар.

Увид извршила екипа од полициската станица Гостивар.

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе