Вчера во 15.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“-Скопје, при проверка на Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, тетовско, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.
Претходно, вчера изутрина во 04.00 часот при проверка на Р.Б.(21) од Казахстан било констатирано дека на увид приложила фалсификуван негативен ПЦР тест.
За фалсификуван ПЦР тест приведени се и двајца жители на Косово, Е.С.(48) и А.С.(46), како и турскиот државјанин Г.Х.(50).
Сите шестмина се задржани за понатамошна постапка.