На скопскиот аеродром приведен граѓанин на Азербејџан, баран од Интерпол
На Граничниот премин Меѓународен aеродром - Скопје на влез во државата вчера бил приведен M.M.(27) од Азербејџан, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во оперативна евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол од Азербејџан.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.