На скопската обиколница тешко повредено 7-годишно дете

На обиколницата на Скопје, кај Волково, возило „форд ка" со скопски регистерски таблици управувано од Б.З. (38) од Скопје удрило во заштитните бетонски огради.

Во  незгодата со телесни повреди се здобиле Б.З. и едно дете сопатник на возраст од седум години, додека другото дете сопатник на иста возраст се здобило со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “8-ми Септември“.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе