Сообраќајна контрола

На радар во Скопје фатени 41 возач

Во текот на вчерашните сообраќајни контроли на територијата на Скопје полицијата им изрече казни на 41 возач кои возеле побрзо од дозволената брзина. За различни сообраќајни прекршоци вкупно се изречени 137 казни.

Покрај 41 санкција за брзо возење, казнети се и 11 возачи заради технички неисправните и нерегистрирани возила, седум санкции се израчени за за возење без возачка дозвола.

Изречени се и четири мерки за користење мобилен телефон, три санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 43 за непрописно паркирање, информира МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од министерството и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе