Сектор за внатрешни работи Скопје

На подрачјето на Скопје 52 возачи возеле со брзина над дозволената

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 52 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, информиртаат од МВР.

„Од сообраќај се исклучени 34 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувалe возило под дејство на алкохол, 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи-почетници и пет возачи поради сторени останати прекршоци.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило“, информираат од МВР.

Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе