На плажа поставил 50 сонцобрани и 120 лежалки, заработи кривична пријава

Двваесет и пет годишен охриѓанец заработи кривична пријава како и неговото правно лице затоа што узурпирал 200 квадратни метри на плажа пред еден хотел на Охридското Езеро.

МВР информира дека СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(25) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности".

„Пријавениот, во својство на управител во правниот субјект, од јуни до октомври 2022 година неовластено узурпирал околу 200 метри квадратни простор на плажа пред хотел покрај брегот на Охридското Езеро, кој со пропис е прогласен за имот од општа употреба и противправно поставил 50 чадори за сонце и 120 лежалки. Тоа го направил без да добие одобрение од надлежните служби во општина Охрид“, се вели во соопштението на МВР.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе