На Охридскиот аеродром приведени турски државјани со фалсификувани израелски пасоши

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено кривично дело Фалсификување исправа.

Осомничените турски државјани, кои се роднински поврзани, вчера на аеродромот во Охрид при презентирање на патните исправи за летот Охрид-Лутон користеле фалсификувани израелски пасоши. Со осомничените биле и две деца родени 2014 и 2006 година.

Шест од осомничените со двете деца влегле во Македонија во текот на вчерашниот ден, од  Албанија преку граничниот премин Ќафасан, додека еден од осомничените во државата влегол на 19 јануари преку граничниот премин Богородица од Грција.

Заради непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Охрид доставил предлог за определување на мерката притвор за петмина од осомничените, додека за две лица, мајки на децата, побарал судот да определи мерки за претпазливост – одземање на патни исправи.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе