По трагичната сообраќајка кај Славонски Брод

На момент заспав, изјавил шоферот на косовскиот автобус во кој загинаа 10 патници

Приведен е возачот на косовскиот автобус во кој утрово на автопатот кај Славонски Брод загинаа 10 патници, косовски државјани. Автобусот со 67 патници излетал од патот. На момент заспав, им изјавил на полицијата возачот, jави Дневник.хр.

Во трагичната сообраќајна несреќа повредени биле 45 патници, од кои осуммина потешко. Автобусот е на компанијата Дева турс, а сообраќал на линијата Франкфурт-Приштина.

„Возачот е приведен под сомневање дека непрописко управувал со автобусот и излетал од коловозот. Изјави дека за момент заспал, но сите околности дополнително ќе ги утврдуваме“, велат официјални лица на хрватската полиција.

Првата официјална информација беше дека загинале тројца патници и дека автобусот бил со македонски регистарски таблички.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе