На лов во близина на Попова Шапка почина Италијанец

Италијанец починал додека бил на лов во атарот на Попова Шапка. Тој починал на едно од ловиштата на Шар Планина додека бил во потрага по дивеч вчера околу 9 часот. 

Вчера околу 09.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на место викано „Ловиште Јеловјане-3", во атар на Попова Шапка, починал Р.Б.(64) од Италија, кој бил на лов преку ловечко друштво од с.Боговиње, Tетовско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на семејството.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе